Излезе „Културен печат“ број 60 во весникот „Слободен печат“

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 60, во печатеното издание на „Слободен печат“ (12-13.12.2020), го отвораме со фотографии од концертот „Везилка“ на тенорот Благој Нацоски со камерниот оркестар „Профундис“ во рамките на 43. Денови на македонска музика, а меѓу содржините има:

– интервју со Биљана Тануровска-Ќулавковски, извршна директорка на „Локомотива“: Исклучително важно е да се промени општествениот однос кон културата, образованието и науката

– разговор со Илија Тирицовски од „ОХО продукција“: Младите луѓе се нашата креативна сила

– Таксират фестивал – ПИН ТВ на 13 декември ќе донесе многу едукативни, забавни и музички содржини

– најава на настап на Скопски солисти со премиерни изведби на концертот „Нашите од Европа“

– триото „Аура“ настапи на музичкиот фестивал БУНТ во Белград

– три победнички проекти на авторите Роберт Јанкулоски, Викторија Попоска и Дарко Комненовиќ се изложени во Мала станица при Националната галерија

– изложба на Дита Старова Ќерими во КИЦ: Сликарско будење на човековата надеж

– најава на Арт-презентацијата „А Реакција“ на Марија Павловска

– најава на изложбата „Небо“ на Јана Јакимовска во МКЦ

– книжевен превод: „Делфинот“ на Александар Прокопиев е објавен во Хрватска

– стрип-книжарницата „Бункер“ го објави графичкиот роман „Уметноста на летањето“ на Антонио Алтариба и Ким

– книги за деца: Ангажирани стихови за поука и радост од Васил Мукаетов

– филмската продукција „Партизанс“ го сними краткиот филм „Проблемот на Тина“

– продукцијата „Арбфилм“ го објави трејлерот на играниот филм „Исчезнатиот“ на режисерот Арбен Тачи

– музички приказни со наслов „Сновење“ од Лада Шоптрајанова Петровска излегоа во „Или-Или“

– издавачот „Македоника литера“ го објави романот „За тоа ли беше сè“ од бугарскиот писател Евтим Михалушев Евтимов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот