Излезе „Културен печат“ број 58 во весникот „Слободен печат“

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 58, во печатеното издание на „Слободен печат“ (28-29.11.2020), го отвораме со фотографии од фантастичниот концерт на Симон Трпчески и пријателите на 43. Денови на македонска музика, а меѓу содржините има:

– интервју со Панда Зографска Беличанец: Секогаш има нови идеи кога се движиш во средина на која уметноста ѝ е – живот!

– разговор со пијанистката Даница Стојанова: Музиката е жива материја

– Министерство за култура: Предлог-буџетот за културата во 2021 година е реален и граѓански

– 45. Млад отворен театар: Театар на изолација доминира на виртуелната сцена

– нова книга „Крсте Петков Мисирков – македонскиот меѓник“ од публицистот Свето Стаменов

– јубилејниот педесетти број на списанието „Синтези“ целосно е посветен на делото на Блаже Конески

– Друштво на писателите на Македонија – Плакета „Даница Ручигај“ за поетесата Билјана Станковска

– Кроација рекордс – „Новиот бран“ повторно се буди, а крокодилите доаѓаат!

– Приказни од карантин – „Јаболкa во магла“ од 28 автори

– Денови на европско Скопје – Пет новинарки се наградени на конкурсот „Мостовите на Скопје“

– нова книга „Далеку, а блиску“ од Владимир Мартиновски

– репортажни записи „Непозната Македонија“ на Васко Марковски

– стихозбирка „Компјутерска поезија“ на Славчо Ковилоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот