Излезе „Културен печат“ број 57 во весникот „Слободен печат“

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 57, во печатеното издание на „Слободен печат“ (21-22.11.2020), го отвораме со селекција од делата пристигнати на 13. Скопје постер фестивал и изложени во Галеријата на МКЦ, а меѓу содржините има:

– интервју со Симон Трпчески, виртуоз на пијаното: Секој инструменталист се труди да „пее“ преку својот инструмент

– дискографската куќа „Кроација рекордс“ го издаде новиот албум на Влатко Стефановски

– премиера во Театарот за деца и младинци: „Што е силеџија?“ – Претстава што се гледа во еден здив

– МОТ 2020 – Театарско „…ќе има и утре!“

– фотоизложбата „Џезтетика“ со фотографии од Татјана Ранташа ќе биде отворена во Домот на младите во Белград

– ретроспективна изложба – дела од Сергеј Андреевски и Никола Иванов Балтон се изложени во САД

– книга „Балканот – шпионски крстопат“ на Иван Бабановски: Поглед кон светот на разузнавачките служби

– книга со сеќавања, сведоштва и импресии: „Даница Ручигај: Песна над песните“ на Искра Чоловиќ и Свето Стаменов

– Балканска сага – излезе романот „Јаничари“ на академик Луан Старова

– самостојната изложба „Треперење“ е поставена во „Галерија Рудиќ“

– награда „Вавилон 2021“ – Работилници и онлајн сесии за млади преведувачи

– Здружението за развој и едукација на културата и уметноста „Фуснота“ ја издаде поетската антологија „Игропис“

– манифестацијата „Скопје фото недела“ онлајн ќе се одржи на 23 и 24 ноември

– изложба во МКЦ: „Архиметрии“ на Андријана Тилиќ

– концертна промоција на новиот албум на „Конкверинг лајон“ на 22 ноември во МКЦ

– книгоиздателството „Дијалог“ од Скопје ја издаде поетската книга „Од оваа страна“ на Весна Ацевска

– нова книга: Концептот „магичен реализам“ како културолошки феномен на Драгана Евтимова

– прва поетска книга „Сите мои песни“ од Маријана Митревска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот