Излезе „Културен печат“ број 54 во весникот „Слободен печат“

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 54, во печатеното издание на „Слободен печат“ (31.10-01.11.2020), содржи две интервјуа, го отвораме со наградените автори на ДЛУМ, а меѓу содржините има:

– интервју со италијанскиот писател Николо Аманити: Пишувам за слики и ги раскажувам преку зборовите

– интервју со композиторот Живојин Глишиќ: Од самоук гитарист до професор на ФМУ

– Оф-фест концерт на Силвија Перез Круз: Јазикот на емоциите наспроти ригорозните ковид-мерки

– сликарот Решат Амети со ретроспективна изложба во Даут-пашин амам слави 30 години уметност

– Министерство за култура: Пријавите на Годишните конкурси ќе се доставуваат до 12 ноември

– подготовки за изложбата на светска фотографија – заврши жирирањето за „Фотомедија 2020“

– промоција на четири млади македонски писатели во Будимпешта

– мултимедијална изложба во МКЦ: „Вита“ ја истражува женственоста

– фотограми на Стојанче Величковски: Фотоапаратот како алатка за цртање

– Фондација „Ѓорѓи Марјановиќ“ – Промовирана е книгата „Колумни“

– нова стихозбирка на Иван Џепароски: Градот Скопје како поетски топос

– дебитантски роман „Вокабуларис“ од Александра Мачковска (Ен Игма)

– во тек е конкурсот за наградата „Даница Ручигај“ на Друштвото на писателите на Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот