Излезе „Културен печат“ број 52 во весникот „Слободен печат“

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 52, во печатеното издание на „Слободен печат“ (10-12.10.2020), го отвораме со прекрасни фотографии на Драган Тодоровски направени во Норвешка, а меѓу содржините има:

– интервју со композиторот Стојан Стојков: Сложените форми бараат зрелост во творечкиот израз

– разговор со Ристо Вртев од „Архангел“ за концертот на „Таксират“: Способноста да љубиме е највредното човеково својство

– 39. Скопски џез-фестивал со возбудлива програма достојна за репутацијата на фестивалот

– Културно-социјален простор „Центар-Јадро“ како институционална иновација за заедничко добро

– Фестивал „Литера 2020“: Најмладите ќе ги истражуваат ремек-делата на Димитар Кондовски

– Јубилеј 75 години „Остен“: Цртежот е искреноста во уметноста

– ретроспективна изложба на Павле Кузманоски во Чифте амам: Сведоци полни со тежок судбински фатализам

– Караманови поетски средби: Награда „Караманов 2020“ за „Разден“ на Кристина Николовска

– Дирекцијата за култура и уметност распиша Конкурс за новинарски текст на тема „Мостовите на Скопје“

– новинарот Зоран Костески-Шваца ја објави историската повест „Мариово – Жива историја“

– современа македонска поезија е објавена во српското списание за книжевност, уметност и култура „Свеске“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот