Излезе „Културен печат“ број 51 во весникот „Слободен печат“

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 51, во печатеното издание на „Слободен печат“ (3-4.10.2020), го отвораме со експанзијата на визуелната уметност и отворањето на повеќе изложби низ градот во изминатава недела, а меѓу содржините има:

– интервју со поетот Михаил Ренџов: Поетот се раѓа, тоа е божје ухание

– разговор со феминистката и филозофка Маја Солар: Номадското искуство не треба да се идеализира

– фестивал на европската литература со мото „Букстар-20 против ковид-19“

– отворено студио на „Арт поинт – гумно“ со дела инспирирани од звукот на Бела Река

– филмски фестивал „Киненова“ – Храбри деби филмови ќе се прикажат на ТВ

– фестивал на планински филм – „Ехо“ влегува во втората деценија

– фестивал на музички документарци „Скопје синема сити“ – Крај со „Зборови за љубовта“

– фестивалот на краток филм „Филмај“ во Куманово ги објави наградените филмови

– Рациново признание 2020 – Рацин е универзален и национален културен паметник

– Министерството за култура најави дека 2021 ќе биде година во чест на Блаже Конески

– изложба во КИЦ – Внатрешниот свет на скулпторот Андреј Митевски

– ретроспективна изложба во чест на Димитар Младеновски (1970-2007) во МКЦ

– ново издание на ЦККС – Женскиот субјект пишува преку телото

– поетска награда „Лирата на Орфеј“ за Владимир Мартиновски

– два ракописа победија на конкурсот за наградата „Пегаз“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот