Излезе „Културен печат“ број 49 во весникот „Слободен печат“

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 49, во печатеното издание на „Слободен печат“ (19-20.9.2020), го отвораме со фотографии од концертите на Денови на македонска музика 2020, а меѓу содржините има:

– интервју со д-р Ана Стојаноска, писателка, театролог и професорка на ФДУ – Пишувањето ми е лична борба и задоволство

– разговор со Бранислав Николов – Пијан Славеј од групата „Фолтин“ – Зависник сум од ритамот, мелодијата и од формата во поезијата

– Фестивал за критичка култура – „Крик“ го опсервира актуелното општество

– Фестивал на европски филм – Седум македонски премиери на „Синедејс“

– ИФФК „Браќа Манаки“ 2020 – Централен настан во чест на традицијата во Битола

– Фестивал „Скопје синема сити“ – филм за „Њу ордер“ го отвора фестивалот на музички документарци

– филмска продукција – филмови на „Авард филм и видео“ учествуваат на три фестивали во странство

– Фестивал за современи уметности „Акто“ 2020 – Човек на човека мора да му е семејство

– книжевна резиденција – писателката Маја Солар престојува во Скопје

– Блуз и соул фестивал – домашен блуз со „Банкрот блуз бенд“ и пријателите

– Национална галерија – миграцијата како мотив за сликање портрети на тетовскиот сликар Биљгаип Кочиште – Биге

– МТФ „Скупи фестивал“ – Иновативен театар со социјален и политички предизвик

– Фестивалот на пантомима и физички театар „Панфиз“ ќе се одржи на платото пред Македонскиот народен театар

– Зборник на народна еротика – „(И)стории од долапот“ од д-р Ана Мартиноска

– книжевна промоција – нов роман „На враќање“ од Фросина Пармаковска

– книжевен мозаик – „Магор“ објави десет европски автори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот