Излезе „Културен печат“ број 47 во весникот „Слободен печат“

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 47, во печатеното издание на „Слободен печат“ (5-6.9.2020), го отвораме со поглед кон јубилејното издание на „Здраво млади“ и со најмладата добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“, Ива Дамјановски, а меѓу содржините има:

– интервју со проф. д-р Вера Стојчевска-Антиќ: Како отворена книга го согледувам сопствениот животен пат

– Филхармонија со „Песни за земјата“ од Малер ја отворија новата сезона 2020-2021

– премиера на „Полковникот Птица“ во Гостиварскиот театар: Добрината ќе го спаси светот

– срдечно примопредавање на министерската функција во Министерството за култура

– Танц фест 2020 – на 4 и 5 септември се случува маратон со домашни и интернационални кореографи и танчери

– Националната галерија ги објави победниците на конкурсите за млад и зрел уметник

– Саемот на книга 2020 ќе се одржи од 8 до 14 септември на отворено во А1 Арена (СЦ „Борис Трајковски“)

– театарско гостување онлајн: Велешкиот театар ќе учествува на фестивалот „Град“ во Сараево

– изложбата „Во длабоко и танцувајте“ на Весна Стефановска е поставена во МСУ во Скопје

– АКТО 2020 – мурал на тема солидарност и антифашизам има во центарот на Прилеп

– мултимедијален концепт на „Бош фестивал“ во Гевгелија

– Биеналето за современи уметности „Словокулт – литерАРТура“ со програма во Гевгелија, Скопје и Берлин

– изложба на арт-колажи на Бурџу Мусли е поставена во МКЦ

– филмската ревија „Недела на новиот германски филм“ оваа година се одвива со мото „Под отворено небо“

– романот „Лето во кое те нема“ на Петар Андоновски ќе биде промовиран на 7 септември во „Шортбас“, во рамки на програмата на Викенд на гордоста – Скопје 2020

– издавачот „Ми-Ан“ објави избор поезија со наслов „Меланхолија“ од Ерол Туфан

– книжевен превод – „Делфинот“ на Александар Прокопиев излезе во Словенија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот