Излезе „Културен печат“ број 36 во весникот „Слободен печат“

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 36, во печатеното издание на „Слободен печат“ (20-21.6.2020), го отвораме со фотографии од дела претставени на онлајн изложбата „Да бидеме заедно, додека сме разделени“, организирана од Културно-социјалниот простор „Центар – Јадро“ и „Јадро“ – Асоцијација на независната културна сцена, а меѓу содржините има:

– интервју со Томислав Османли – Нашиот жанр е парадоксот

– разговор со Марија Гиревска – Делата на Џојс бараат креативен преведувач

– Празник на музиката – „Скопско лето“ со одложен, но не откажан, термин

– ДПМ – Поетите Михаил Ренџов и Мирослав Биелик се добитници на „Книжевен жезол“ за 2020 година

– Здружение на културни промотери – Моќен глас за развој на културниот сектор

– Кинотека – монографијата „Манчевски“ е достапна онлајн

– „Слеј се со тишината“ е мото на 11.Македокс

– Книжевна промоција – „Двоумење“ од Ива Дамјановски со промоција на платото пред МКЦ

– „Хаемус“ го објави водичот „Византиското наследство на Скопје“

– Студентска музичка пролет 2020 – Културни настани поблиску до студентите

– Онлајн поетски митинг – Различните јазици не се пречка за поетите

– Јавен повик за Меѓународниот ликовен конкурс на тема „Изгубениот син“

– изложба во „Ко-Ра“ – Заемен дијалог со ликовни дела на Петра Јовановска и Валентина Илијевска

– Карантински приказни на „Три“ – Книжевна поддршка на македонското здравство

– нова поетска книга – „Јазикот на светлината“ на Сузана В. Спасовска

– книжевен превод – „Будимир и ретките животни“ од Зоран Пеневски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот