Излезе „Културен печат“ број 35 во весникот „Слободен печат“

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 35, во печатеното издание на „Слободен печат“ (13-14.6.2020), го отвораме со креации на графичкиот дизајнер Горан Костовски – Индог, а меѓу содржините има:

– интервју со Искра Гешоска, програмски уредник на „Крик“ – Потребно е длабинско преиспитување на општеството

– светска премиера на дела од композиторката Дарија Андовска во Минхен

– онлајн премиера на претставата „Илузии“ на „Вондерленд театар“

– награда за краткиот филм „Налепница“ во Бруклин

– писателот Исмаил Кадаре е лауреат на „Прозарт 2020“

– „Локомотива“ стана членка на Европската мрежа на танцови куќи

– ивент индустријата ја основаше асоцијацијата ИВАП

– „Модулар“ на Ненад Тонкин е изложена во МКЦ

– меѓународен проект „Взаемното поле на колективната меморија“

– онлајн изложба на Културно-социјалниот простор „Центар – Јадро“ и „Јадро“ – Асоцијација на независната културна сцена

– романот „Неверство“ на Дејан Трајкоски е објавен во САД

– нова епистоларност во „101 живот“ на Весна Мојсова-Чепишевска

– книга „Четириесет фејсбук приказни“ на Александар Гулевски

– разговор со графичкиот дизајнер и арт-директор Горан Костовски – Индог

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот