Насловна страница на „Културен печат“ број 273

Излезе „Културен печат“ број 273 во весникот „Слободен печат“

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 273, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (22-23.3.2025), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:

– интервју со проф. д-р Славица Јанешлиева за 45-годишнината од основањето на Факултетот за ликовни уметности во Скопје: Чувар на вистинските вредности во уметноста

– разговор со писателката Калина Малеска за наградата „Роман на годината“: Сѐ уште го живеам овој роман и ликовите од него

– разговор со сликарот Решат Амети за изложбата „Мојот пат во уметноста“: Ликовната уметност во целост ме облагородува

– Културниот и едукативен центар „Небрегово“ го објави оперативниот план за 2025 година: Зборот на Блаже Конески има одек во иднината

– Европската мрежа за драма и превод „Еуродрам“ соопшти дека тројца македонски преведувачи добија европски награди за драмски превод

– португалската пејачка Марија Мендеш ќе настапи со Националниот џез-оркестар на концерт со хуманитарен карактер

– Стрип-центарот на Македонија во Велес го објави традиционалниот Меѓународен конкурс за стрип

– од печат излезе „Амбиент“ – книга седма (2023-2025) („една реченица“) со текстови на новинарот Зоран Иванов

– „Македоника литера“ објави македонско издание на романот „Конформист“ на познатиот италијански писател Алберто Моравија

– во програмата за март на издавачката куќа „Илика“ е објавата на романот „Тирза“ од холандскиот писател Арнон Грунберг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот