
Излезе „Културен печат“ број 272 во весникот „Слободен печат“
КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 272, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (15-16.3.2025), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:
Препорачано
– интервју со визуелниот уметник, дизајнер и илустратор Марко Трпески: Слободата во која било форма оди со храброста
– разговор со балетскиот уметник, кореограф и педагог Саша Евтимова: Танцот е сила што ги зближува луѓето
– издавачката куќа „Арс Ламина“ ја востанови наградата „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади
– продлабочен увид во современата македонска музичка мисла ќе претстават 48. „Денови на македонска музика“ на СОКОМ
– џез-музичарот Јордан Костов со музички пријатели од повеќе континенти концертно ќе го промовираат албумот „Маглота“
– во Националната галерија, во објектот Чифте амам, е поставена изложбата „Портрети и фигури – избор од колекцијата на Националната галерија“
– сликарот Решат Амети со изложбата „Мојот пат во уметноста“, поставена во галеријата на МКЦ во Скопје, одбележува јубилеј – 35 години творештво
– во Францускиот институт во Скопје на 13 март беше отворена изложбата „Кога ги следевме сенките“ на авторката Наташа Неделкова
– германската писателка Хелене Буковски гостуваше во Скопје по повод промоцијата на нејзиниот роман „Млечни заби“ во издание на „Три“
– книжевниот центар „Антолог“ го објави романот „Земја“ на шпанскиот автор Елој Морено
– во фоајето на НУЦК „Марко Цепенков“ на 15 март прилепчани ќе имаат уникатна можност за дружба со авторката Хана Корнети и нејзиниот роман „Илина и шумските тролови“
– во Младинскиот центар во Струмица на 15 март ќе се одржи промоција на стихозбирката „Рајсфершлус“ од Јулијана Величковска.