
Излезе „Културен печат“ број 265 во весникот „Слободен печат“
КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 265, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (25-26.01.2025), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:
Препорачано
– интервју со театарскиот режисер Егон Савин за поставувањето на „Народен пратеник“ во МНТ: Секоја претстава ја правам како да ми е прва
– разговор со рап-артистот Мартин Миљев – Мартикс: Албумот „Арсен“ ме научи дека лекот и отровот најчесто одат заедно
– книгата „Милчо за Манчевски“ приредена од Атанас Чупоски открива аспекти од животот и работата на филмскиот режисер Милчо Манчевски
– книгата „Гледна точка“ на режисерот, продуцент и сценарист Јани Бојаџи носи спој на наука и белетристика
– групната изложба „Дијалог преку уметност“ на професори од ликовните академии во Софија и во Скопје е поставена во Софија
– македонскиот диригент Џијан Емин заедно со светски познатиот пијанист Франческо Тристано ќе настапат со Филхармонијата на Луксембург
– книгокруг на писатели и читатели се составува во книжарницата на издавачкиот центар „Три“ во рамки на Зимскиот фестивал на книгата
– издавачката куќа „Илика“ ја објави книгата „Еуфорија“ од шведската авторка Елин Кулхед
– издавачката куќа „ПНВ Публикации“ од Скопје на 25 јануари (сабота) во Прилеп ќе го реализира седмото издание на проектот „Добри гости“
– во издание на „Или-или“ објавена е збирката раскази „Амфора“ од прославениот италијански Нобеловец Луиџи Пирандело
– асоцијацијата „Окса“ организира соло концерт за пијано на кој ќе настапи младата Варвара Кутузова и изложба на фотографии на Евгениј Евтухов
– серијата детски настани и работилници во „Синдикална култура“ во Дебар Маало продолжува со креативната работилница „Суперхеројски мозаик“.