Насловна страница на „Културен печат“ број 264

Излезе „Културен печат“ број 264 во весникот „Слободен печат“

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 264, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (18-19.01.2025), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:

– интервју со филмската режисерка Ана Опачиќ: Одново и одново треба да се навраќаме на класиците

– разговор со писателката Симона Јованоска: Книжевноста не треба да бега од оптимизмот

– БЕАМ Фестивалот прави валоризација на уникатната енергија и професионалноста на индустријата на настани

– фантастична актерска енергија има во претставата „Бог на колежот“ во Македонскиот народен театар

– новата претстава во Драмски театар, поставена според култната серија „Фамилијата Адамс“, го открива нормалното

– Скопскиот џез-фестивал со матине во „Макка Бар“ ќе ги промовира календарите за 2025 година

– новата концертна сезона на Националниот џез-оркестар ќе почне со настанот „Џез-лектира: Quintessence by Quincy Jones“

– визионерски и колористички претстави на хрватскиот уметник Данко Фришчиќ донесе изложбата со наслов „Сликоиди – металагалактик“

– Центарот за истражување на предисторијата го заврши геофизичкото скенирање на предисториски локалитети во Охридско-преспанскиот регион и Пелагонија

– престижната француска издавачка куќа „Галимар“ ја објави збирката раскази „Не одам никаде“ од Румена Бужаровска

– издавачката куќа „Дијалог“ во текот на 2024 година ја објави поетската книга „Чекор до амбисот“ од Драгица Најческа

– како 330-та книга во едицијата „ПРОаЗА“ на издавачката куќа „Или-или“ од Скопје е објавен романот „Недостиг“ од Симеон Јанков

– издавачот „Перун Артис“ на 23 јануари во МКЦ во Скопје ќе ја промовира стихозбирката „Тестамент од свила“ од Лулзим Хазири.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот