Излезе „Културен печат“ број 263 во весникот „Слободен печат“

Насловна страница на „Културен печат“ број 263

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 263, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (11-12.01.2025), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:

– интервју со вокалната солистка и музиколог Вера Милошевска-Јосифовска: Музиката е јазик со своја душа, граматика и значење

– разговор со Енис Хилми, добитничка на наградата „Новите!“ на „Темплум“: Главните ликови во збирката се луѓето

– поетот Андреј Ал-Асади e добитник на наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема за 2024 година

– сликарот Сергеј Андреевски ќе ги дизајнира плакатите за концертите на Националниот џез-оркестар

– Недела на претстави од независната продукција ќе се одржи во Драмски театар Скопје

– дела од 11. Меѓународно графичко триенале во Битола се изложени во музејот Нингбо-Тијани во Кина

– сликарот Башким Меџити бележи триесет години творештво со изложбата „Патување низ боите“ во Чифте амам

– Националната опера и балет ќе го одржи традиционалниот концерт по повод празникот „Василица“ на 11 и на 13 јануари

– издавачката куќа „Или-или“ од Скопје го објави романот „Простување“ од македонската романсиерка Кица Колбе

– книжевниот центар „Антолог“ одбележа еден век од смртта на Франц Кафка со објава на книгата „Собрани раскази“

– првиот роман на современата македонска писателка Румена Бужаровска со наслов „Тони“ веќе го доби своето второ издание.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот