Излезе „Културен печат“ број 259 во весникот „Слободен печат“
КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 259, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (7-9.12.2024), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:
– интервју со писателката Румена Бужаровска за нејзиниот прв роман со наслов „Тони“: Карикатурален приказ на современата машкост
– повеќеслојна критика на влијанието на технологијата во обликувањето на човечкото искуство упатува проектот „Патник“ на Билјана Исијанин и Сандра Котевска
– со изложбата „Не си одам дома“ уметницата Клелија Живковиќ порачува дека расткајувањето на светот што умира може да се случи само со љубов и грижа
– преплет на книжевноста и филмот прави Ана Опачиќ со книгата „Авторските политики во филмските адаптации“
– книга на месецот во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје е стихозбирката „Слобода А“ на Ана Голејшка Џикова
– новиот роман на наградуваната авторка Снежана Младеновска Анѓелков е со наслов „Јод“ во издание на „Или-или“
– добитничка на наградата „Радојка Вранчич“ за млади книжевни преведувачи во Словенија е македонистката Маја Ковач
– во галеријата „Остен“ во Скопје од 4 до 18 декември е поставена изложбата со тематски наслов „Сѐ за портретот“
– меѓународната изложба „Војна на сетилата / Војна врз сетилата“ е поставена во МСУ во Скопје
– предавање, работилница и перформативна театарска тура изведувана по улиците на Скопје се одржуваат во рамки на уметничкиот проект „Градот како сцена: Пловечки универзитет“
– во „Аудиокултура“ на 2 декември се одржа промоцијата на книгата „Прес енд плеј“ (Press & Play: Reloaded) на музичкиот новинар Ненад Георгиевски
– наградата „Бели мугри“ за поетска книга на млад автор до 35 години на Дом на култура „Кочо Рацин“ од Скопје за 2024 година ја доби поетесата Цветанка Невчева
– биографската книга „Јован Спасеновски-Џагула – херој и инспирација за спортисти и за неспортисти“ од Васко Марковски ќе биде промовирана на 11 декември во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“.