Излезе „Културен печат“ број 255 во весникот „Слободен печат“
КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 255, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (9-10.11.2024), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:
– интервју со Александар Велиновски за Неделата на дизајн во Скопје: Главната ориентација е насочена кон младите
– разговор со Васко Мавровски, в.д. директор на НУ Народен театар Битола: Враќање на театарот на народот
– театарска претстава „Марта Верина“ – Души поврзани на некој мистичен начин
– самостојната изложба „Вечнеење“ на сликарот Никола Пијанманов е поставена во КИЦ-Скопје
– изложба на Мице Јанкуловски со наслов „Црно и црно“ е поставена во галеријата „Фебо и Дафне“ во Торино
– самостојната фотоизложба „Гравитација во пауза“ познатиот фотограф Жарко Чулиќ ја реализираше во галеријата на КСП „Центар Јадро“ во Скопје
– македонската поетеса Наташа Сарџоска настапи на истанбулскиот поетски фестивал „Офлајн“
– книга на месецот во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје е романот „Бела Сама“ на Виолета Танчева-Златева
– во рамките на проектот „Урбана агенда“ на 9 ноември во МКЦ – Битола ќе биде промовиран новиот број на списанието „Спознавање“
– хорот „Драган Шуплевски“ при ФМУ-Скопје, предводен од проф. м-р Сашо Татарчевски, имаше успешно претставување на Интернационалниот хорски форум во Истанбул
– камерниот состав „Пијано трио“ ќе одржи концерти во Крагуевац (Србија) и во Загреб (Хрватска)
– новиот роман „Ветрилиште“ од Игор Анѓелков во издание на „Или-или“ излезе од печат на 5 ноември
– издавачката куќа „Артконект“ ја објави познатата илустрирана книга „Северозападниот ветер“ од Зденко Башиќ
– неодамна од печат излезе поетската книга на современиот албански поет Лулзим Хазири со наслов „Тестамент од свила“
– вториот роман на македонскиот писател Анде Јанков со наслов „Виенски гамбит“ е објавен во превод на бугарски јазик кај издавачката куќа „Персеј“ од Софија.