Излезе „Културен печат“ број 250 во весникот „Слободен печат“

Насловна страница на „Културен печат“ број 250

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 250, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (5-6.10.2024), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:

– интервју со филмскиот режисер Гоце Цветановски за првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“: Судбината ги сака упорните

– разговор со поетесата и препејувачка Ана Пејчинова: Клучот е во вистинитоста, а бравата е срцето

– јубилејното издание на фестивалот на европска литература „Букстар“ го преобрази книжевното небо

– до 5 октомври трае третото издание на фестивалот на детски театри „Игор Маџиров“: „Сѐ е твое“ ако го чуваш детето во себе

– пет регионални театри ќе гостуваат во Драмски театар Скопје на фестивалот РУТА

– врвни солисти и диригенти ќе гостуваат во роденденската сезона на Македонската филхармонија, која ќе почне на 10 октомври

– осумнаесеттото издание на „Златна лира“ во организација на СМУМ ќе се одржи од 8 октомври до 3 ноември во Музејот на македонската борба во Скопје

– древната јапонска музика и танц за царскиот двор гагаку ќе биде претставена во Скопје

– книга на месецот во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје во текот на октомври е „Писмa од лудница“ од Срѓан Ивановиќ

– од печат излезе „Нова романска драма“, антологија на современи романски драмски автори во избор на театрологот Оана Кристеа Григореску, а во превод од романски јазик на Ермис Лафазановски

– промоцијата на книгата „Бог на ба(к)терии“ од поетот Митко Гогов во издание на издавачката куќа „Макавеј“ се одржа во КИЦ-Скопје

– свеченото доделување на наградата „Пегаз“ за 2024 година и промоција на победничкиот роман „Ехото на акробатите“ од Владимир Јанковски ќе се одржи на 8 октомври во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот