Излезе „Културен печат“ број 247 во весникот „Слободен печат“

Насловна страница на „Културен печат“ број 247

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 247, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (14-15.09.2024), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:

– интервју со Бранислав Николов (Пијан Славеј) за поетската збирка „Јазик за двајца“: Музиката и зборот се сакаат бескрајно

– разговор со Филип Димевски, уредник на „Бегемот“: Би сакале културната меморија да ја зачуваме што подолго

– писателот Владимир Пиштало е лауреат на книжевната награда „Прозарт 2024“ на 12. фестивал „Про-За Балкан“

– преведувачот на романот „Пиреј“ на германски јазик Бенјамин Лангер е добитник на интернационалната награда „Драги“

– културно-туристичката манифестација „Зборот на Конески, гајдата на Пеце“ се одржа во Небрегово

– ДПМ ги објави имињата на авторите и делата што влегоа во финалниот круг за годишните награди за 2023 година

– трансмедијалниот проект „На работ“ на Гоце Наневски и Дориан Јовановиќ е поставен во Чифте амам: Проширено поле за израз и за перцепција

– четвртата самостојна изложба на македонскиот автор Иван Аџиевски е со наслов „Монумент за неродените“

– дела од македонската композиторка Ана Пандевска ќе бидат изведени во Словенија од пијанистките Ана и Ивана Мазнејкови

– издавачот „Или-или“ го објави преводот на книгата „Граница“ од писателката Капка Касабова

– романот „Заборав“ од Томислав Османли имаше промоција во рамки на Денови на македонската култура во Шибеник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот