Излезе „Културен печат“ број 246 во весникот „Слободен печат“
КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 246, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (07-09.09.2024), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:
– интервју со филмскиот монтажер Мартин Иванов: Константно барање ред во хаосот
– разговор со Никола Кимовски за новата летна сцена „Славиша Кајевски“ во МНТ: Враќање на сјајот и престижот на Македонскиот народен театар
– Драмски театар Скопје од фестивалот „Пургаторије“ во Тиват се врати со наградата „Актерска бравура“
– Културниот и едукативен центар „Небрегово“ во Спомен-домот „Блаже Конески“ во Небрегово го промовираше зборникот „Конески е бесмртен“
– јубилејна изложба по повод 120 години од раѓањето на сликарот Томо Владимирски (1904-1971) е поставена во Даут-пашиниот амам во Скопје
– книжевната награда „Пегаз“ ја доби ракописот на романот „Ехото на акробатите“ од Владимир Јанковски
– во програмата „Скопје фелоушип“ на фестивалот „Про-За Балкан“ ќе учествуваат издавачи од два континента
– дела од македонската уметница Христина Иваноска се поставени на две изложби посветени на српскиот уметник и револуционер Ѓорѓе Андрејевиќ Кун
– третиот циклус од кампањата „Читаме современи македонски автори“ на градската библиотека „Браќа Миладиновци“ почна со романот „Сѐ уште можам нешто да сторам“ од Фросина Пармаковска
– од печат излезе поетската збирка „Ништо помеко од сенките“ на младиот и талентиран српски поет Милош Лазаревиќ во издание на „Перун Артис“
– познатата авторка на драмски текстови, сценарија и поетски книги Милена Марковиќ од Белград имаше промоција на нејзиниот роман „Деца“ во Скопје.