Излезе „Културен печат“ број 242 во весникот „Слободен печат“
КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 242, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (10-11.8.2024), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:
– интервју со филмскиот автор Карпо Година, чии три филма ќе имаат проекција на 15. МакеДокс: „Црн бран“ беше погрден термин за нашите тогашни филмови
– разговор со Јулијана Величковска, програмски директор на „Поетска ноќ во Велестово“: Поезијата е најмоќното сврзно ткиво помеѓу уметностите и културите
– промислување на колективната културна меморија е во фокусот на јубилејната 35. Ликовна колонија во Галичник
– изложбата „Ecce Homo Macedonicus! Осмо светско чудо“ на скулпторот Жарко Башески на 12 август ќе биде отворена во „Куќата на Уранија“ – МАНУ во Охрид
– наградата „Ладислав Баришиќ“ на АИКА Македонија ја доби истражувачки проект на Илија Прокопиев
– поетската награда „Браќа Миладиновци“ на СВП 2024 ја доби поетесата Катица Ќулавкова за стихозбирката „Небото ми е дома“ (духовна поезија)
– Националниот џез-оркестар со гостинот Васил Хаџиманов на 11 август ќе одржат концерт на сцената Долни Сарај во Охрид
– дуодрамата „Кенди“ во режија на Тамара Стојаноска учествува на фестивалот „Нишвил“ во Србија
-музичката платформа „ПМГ Танц дигитал“ одбележува пет години постоење
– во издание на „Перун Артис“ од печат излезе книга со драми на познатиот полски драматичар и прозаист Славомир Мрожек
– словенечката издавачка куќа „Цанкарјева“ го објави романот „Единствен матичен број“ на Лидија Димковска во превод на словенечки јазик на Алеш Мустар
– деновиве од печат излезе поетската книга „Процвет“ на поетесата Цветанка Невчева во издание на „Дата песнопој“ од Битола
– „Македоника литера“ го објави најновиот роман за деца на Киро Донев „Дневникот од штрковото гнездо“, со илустрации на Славица Купенкова и со поговор на Ацо Ѓоргиев.