Излезе „Културен печат“ број 22 во весникот „Слободен печат“

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 22, во печатеното издание на „Слободен печат“ (14-15.3.2020), го отвораме со плакати кои носат пораки што ја подигнуваат свесноста за потребата од заштита од коронавирусот, а внатре содржи:

– интервју со Михаил Теохаров, менаџер на „Аудио Култура“

– разговор со Ги Ланжевин, канадски графичар кој работи во техниката мецотинта

– наградата „Роман на годината“ за 2019 ја доби „Песот со тажен поглед“ од Оливера Николова

– Националната галерија потпиша меморандум за соработка со ПОУ „Иднина“

– детали за проектот „Сеќавања“ на Македонскиот центар за фотографија

– издавачот „Авантпрес“ ја објави книгата „222 антиупатства за лична употреба“ од Александар Прокопиев

– песни од Јулијана Величковска се преведени во Албанија

– и други информации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот