Излезе „Културен печат“ број 182 во весникот „Слободен печат“

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 182, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (10-11.6.2023), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:
– интервју со филмската продуцентка Павлина Проевска: Да се биде добар продуцент потребни се истрајност и слепа верба
– разговор со ликовната уметница Билјана Билбилоска: Завршена слика во стварноста не постои
– почна 57. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп со мото „Враќање дома“
– убави емоции и релаксирана атмосфера има на 22. „Оф-фест“ во Скопје
– изложбата „Градот како сцена“ е македонски претставник на Прашкото квадриенале
– нова претстава на сцената на Битолскиот театар е „Брод за кукли“ поставена по текст на Милена Марковиќ и во режија на Кокан Младеновиќ
– деветтото издание на фестивалот за музички документарни филмови „Скопје синема сити“ ќе прикаже филмови за Леонард Коен, Френк Запа и „Леб и сол“
– Младинскиот културен центар го најави првото издание на стрип-фестивалот со наслов „Стрип трип“, што ќе се одржи на 17 и 18 јуни во МКЦ – Скопје
– јубилејното издание на наградата „Денес“ ќе има тројца добитници на наградата
– промовирана е стихозбирката „На врв на јазикот“ од Катица Ќулавкова
– промоција на две книги од Габриела Стојаноска-Станоеска се одржа во Скопје
– поетски избор од творештвото на Иван Антоновски е објавен во Србија.