Излезе „Културен печат“ број 181 во весникот „Слободен печат“

Насловна страница на „Културен печат“ бр. 181

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 181, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (2-4.6.2023), во скратен формат на четири страници поради продолжениот викенд, меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:

– импресивен спектар на уникатен и музички автономен јазик ќе донесе 22. „Оф-фест“ од 7 до 10 јуни во Скопје

– „Остен арт Скопје“ е дел од интернационална групна изложба во Венеција со наслов „Уметноста го обединува светот“

– ретроспективна изложба со творештвото на сликарот Владимир Темков е поставена во Чифте амам при Националната галерија

– во Македонскиот народен театар на 8 јуни ќе се одржи настанот „Поетроника“ на кој македонска поезија ќе биде претставена во современ музички контекст

– Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“ ги додели признанијата за најдобрите изданија

– новиот роман на писателот Трајче Кацаров со наслов „Увозникот на бели ноќи“ е објавен во издание на „Матица“

– во издание на „Алма графика“, објавена е збирката раскази со наслов „Фенерот на Злетовка“ од Трајче Донев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот