Излезе „Културен печат“ број 178 во весникот „Слободен печат“

Насловна страница на Културен печат бр. 178

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 178, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (13-14.5.2023), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:

– интервју со драмскиот автор, сценарист, писател и професор Сашо Кокаланов: Нема потажна работа од тоа да се занимаваш со комедија

– средба со Софија Семенпеева од тимот на фестивалот „Литера“: Ветар во грб на младите автори и илустратори

– Делегацијата на ЕУ го одбележува Денот на Европа со серија активности под слоганот „Иднината нè поврзува“

– емотивен крик за слобода на сите народи со „Набуко“ на 51. Мајски оперски вечери

– чествување на македонската поетеса Даница Ручигај со научен симпозиум во Љубљана

– другото лице на улицата ќе го видиме на новото издание на „Статуа фест“ со наслов „Голема брзина на стоење“ во Скопје

– македонската сликарка Марија Павловска се закити со меѓународната награда „Леонардо да Винчи“

– почнува единаесеттото издание на фестивалот „Прво па женско“ во организација на „Тиииит! Инк.“

– промоцијата на книгата „Мрежата на Абвер на Балканот“ ќе се одржи на 15 мај во салата на „Занатски дом“ (старо кино „Напредок“) во Куманово

– во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје, на 13 мај, во 20 часот, ќе се одржи промоција на стихозбирката „Омарнина што омалаксува“ од Марија Велинова

– издавачката куќа „Артконект“ го објави романот „Заробеништво“ од Ѓерѓ Шпиро

– најновото издание на ИК „Славика либрис“ е книгата „Пред да пукне“ од чешката авторка Лидмила Кабртова, а во превод на Донка Роус

– Центарот за култура и културолошки студии (ЦККС) од Скопје ја промовираше новата поетска збирка „Per Aspera Ad Astra“ на авторката Оливера Доцевска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот