Излезе „Културен печат“ број 173 во весникот „Слободен печат“

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 173, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (1-2.4.2023), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:

– интервју со писателката Драгица Најческа по повод нејзиниот 90-ти роденден: Сродни души постојат и треба да се пронајдат

– разговор со археологот Гоце Наумов за изложбата „Првите кралеви на Европа“ поставена во Чикаго: Врвна афирмација на културното наследство на Балканот во Северна Америка

– издавачката куќа „Гаврош“ ја промовираше книгата „Основните проблеми на режијата“ од театарскиот режисер и професор Хуго Клајн

– наградата „Менада“ на „Танц фест Скопје 2023“ ја добија универзитетите „Кодартс“ од Ротердам и „Гоце Делчев“ во Штип

– Кинотеката ја објави субјективната автобиографија „Мојот последен здив“ од филмскиот режисер Луис Буњуел на македонски јазик

– звучна конекција на грчки и македонски музичари во „Аудиокултура“: Уметноста и музиката обединуваат

– во Македонскиот народен театар во Скопје на 3 април (понеделник), со почеток во 12 часот, ќе се одржи трибината „Македонскиот драмски автор на сцената на МНТ“

– на сцената на Драмскиот театар во Скопје беше изведена претставата „Семејство“ на авторот Роналд Харвуд, дипломска претстава на студентите на ФДУ во класата на проф. Зоја Бузалковска и доц. Александар Степанулески

– со Сашо Саздовски ја раскажуваме приказната за скулптурата „Еквилибриум Синергија“, за која ја доби наградата „Боро Митриќески“

– Гете-институтот во Скопје ќе претстави патувачката изложба „Вселена. Човек. Интелигенција.“ за врвните истражувања во Германија

– во поетската едиција на Книгоиздателството „Макавеј“ од Скопје објавена е новата поетска книга на Христо Петрески со наслов „Човек, врата“

– издавачката куќа „ПНВ Публикации“ од Скопје на 1 април во Тетово ќе го реализира второто издание на проектот „Добри гости“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот