Излезе „Културен печат“ број 172 во весникот „Слободен печат“

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 172, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (25-26.03.2023), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:

– интервју со Валентина Велковска-Трајановска, претседателка на СОКОМ: Имаме многу работа доколку сакаме да ги вратиме вредностите што ги имавме

– на Светскиот ден на поезијата во УНЕСКО во Париз се одржа меѓународна конференција во чест на Ацо Шопов

– Струшките вечери на поезијата ги објавија добитниците на наградите „Златен венец“ за Влада Урошевиќ и „Мостови на Струга“ за Гевин Бредли за 2023 година

– Светскиот ден на театарот – 27 март ќе биде одбележан со пораки од актерките Теута Ајдини-Јегени од Албанскиот театар во Скопје и Самиха Ајуб (Египет)

– Национална галерија во објектот Чифте амам на 30 март ќе го претстави проектот „Пејзажно искуство“ на Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска, кој учествуваше на Уметничкото биенале во Венеција во 2022 година

– разговор со ликовната уметница Надја Петровиќ: Човекот како главен елемент во делата

– Европската мрежа за современа драма и превод „Еуродрам“ го соопшти изборот на најдобри преводи на драмски дела на европско ниво за 2023 година

– ФДУ – Скопје го слави творештвото на својот некогашен професор и драмски автор Горан Стефановски со мултимедијалната програма „Тетовирани импресии“

– Танц Фест Скопје 2023 ќе донесе богата програма под мотото „Танцувајќи создаваме иднина!“

– претставници на фестивалот на алтернативна фотографија „Зрно“ на почетокот на април ќе престојуваат на работна посета во Темишвар

– тематската изложба „Современа скулптура“ на ДЛУМ е поставена во „Арт хаб“ во ГТЦ

– промовирана е новата стихозбирка „Зраци“ од македонскиот поет Михаил Ренџов

– излезе критичко-есеистичка книга за поезијата на Славе Ѓорѓо Димоски

– издавачкиот центар „Три“ објави ново издание на „Мала книга на стапици“ од Горан Стефановски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот