Излезе „Културен печат“ број 164 во весникот „Слободен печат“

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 164, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (28-29.01.2023), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:

– интервју со актерите Владимир Лазовски и Изабела Новотни, кои бележат 30 години работа во Театарот за деца и младинци во Скопје: Убаво е чувството кога се поставуваат темели

– разговор со писателката Александра Нашевска – Ен Игма: Зборот за мене значи живот

– нововостановениот Фестивал на најдобрите настани во Македонија – БЕАМ (Best of event awards Macedonia) ќе носи награди што ќе значат бесмртност за настаните

– НЛБ Групацијата ја претстави новата уметничка програма со која ќе се создаде колекцијата „SEE Art“ со дела на автори од целиот регион

– нова претстава на репертоарот на Театар Комедија е „Жени во Собрание“ во режија на Ќендрим Ријани

– промовирана е книгата со политичка филозофија „Субјект(ивна) политика“ од Артан Садику

– францускиот издавач „За момент“ објави избор од единаесет есеи на Горан Стефановски со наслов „Пофалба на обратноста“, приреден од универзитетскиот професор Иван Додовски

– изложбата со теракотни фигурини „Печат на емотивниот допир“ од Соња Поповска-Трајковска е претставена во галеријата на Кинотеката

– проектот „Клуб Класик Континентал“ на Елена Сиљаноска содржи изведба на класична музика што ги прави среќни и радосни сите што ја слушаат

– „Македоника литера“ публикуваше два романа од новата серија со наслов „Најдобрата кинеска фантастична литература за деца“

– издавачот „Корпус деликти рекордс“ објави винилни лонг-плеј изданија на Васко Серафимов и „Рок агресори“

– рок-бендот „Тотално опуштање“ на 28 јануари во бифето на киното „Фросина“ во МКЦ концертно ќе го промовира албумот „Летечки булдожер“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот