Излезе „Културен печат“ број 156 во весникот „Слободен печат“

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 156, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (26-27.11.2022), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:

– интервју со писателот Венко Андоновски за новиот роман „Папокот на светлината“: Светот не е на добар пат, што се однесува до злото

– разговор со Весна Станојевска Микиќ: Харфата е специфичен и уникатен инструмент

– средба со Марика Цукровски, кураторка на изложбата на фондацијата „Ворлд прес фото“: Приказни за жени што инспирираат промени

– Центарот за социјални иновации „Блинк 42-21“ презентираше мобилна апликација за промоција на археолошкото богатство на Стоби

– Центарот за култура и културолошки студии (ЦККС) организираше трибина со наслов „Новиот прозен (женски) книжевен бран: жената и градот“

– најновиот проект на галеријата „Ел Греко“ е самостојната изложба на сликарот Мирослав Масин

– стрип-книжарницата „Бункер“ на 26 ноември 2022 организира „Ден на бесплатни стрипови“

– наградата „Биш“, која за првпат беше доделена на 47. МОТ, ја доби претставата „ГЛУМиЦИ“ на театарскиот колектив „Артопија“

– во рамките на фестивалот „Таксират“ од 24 до 26 ноември во МКЦ во Скопје се одржува ПИН – меѓународна музичка конференција и „шоукејс“

– „ПМГ Џез“ го објави првиот самостоен албум на тапанарот Дино Милосављевиќ

– издавачката куќа „Или-Или“ ја објави новата книга „Луѓето, а не градот“ од Снежана Младеновска Анѓелков

– неформалното младинско здружение „Култура Бета“ организира книжевно дружење со поетесата Јулијана Величковска во „Буква“

– македонскиот поет и прозаист Александар Михајловиќ ја објави книгата со кратки раскази „Светлината на светот“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот