Излезе „Културен печат“ број 148 во весникот „Слободен печат“

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 148, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (1-2.10.2022), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:

– интервју со новинарката и филмска критичарка Марина Костова: Презирам криење зад лавина од зборови

– во „ЕУ Хаус Скопје“ беше врачена наградата „Вавилон“: Преведувачите се тие што овозможуваат меѓукултурна размена

– новата сезона 2022/2023 на Филхармонија ќе се одвива со мото „Дамар на слободата“

– средба со познатата уметница Шејла Камериќ: Точките на заедништво се просторот во кој комуницираме

– разговор со младата виолинистка и диригентка Ана Спасовска: Енергичен израз на музичката зрелост

– Белградско драмско позориште со „Лет над кукавичјото гнездо“ ќе гостува во Македонскиот народен театар

– во Театарот за деца и младинци почна првото издание на Интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“

– џез-вокалистот Џон Илија Апелгрен ќе ја поведе публиката на далечно волшебно патување со „Звуците на Бразил“

– седмото издание на Меѓународниот фестивал на дебитантски филм „КинеНова“ ќе се одржи од 7 до 14 октомври

– импресивен список на учесници носи програмата на Фестивалот на европска литература „Букстар“

– „Пандемија и постхуманизам“ е насловот на новата книга на македонскиот филозоф, естетичар и теоретичар на културата проф. д-р Иван Џепароски

– „ПНВ Публикации“ ја промовираше збирката интервјуа „Мастерклас: разговори со домашни режисери“ од Златко Ѓелески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот