Излезе „Културен печат“ број 139 во весникот „Слободен печат“

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 139, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (30.07-02.08.2022), во својот стандарден формат на осум страници го отвораме со фотографии на дела од проектот „Лексикон на странски сликари во Македонија во периодот помеѓу 1850-1950 година“ на Влатко Милошевски, а меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:

– интервју со новинарот Тони Гламчевски: Етнографските филмови пренесуваат важни пораки

– разговор со Сања Шуплевска од уметничкиот центар „Полифонија“: Стремеж кон постојана реинвенција

– средба со поетесата Валентина Бакти: Поетичен поглед на градот Скопје

– потребата за „нешто ново“ го создаде независното театарско здружение „Штрих“

– сеќавања на скопскиот земјотрес носи изложбата „За Скопје со срце од целиот свет“ во МКЦ

– редефинирање на идејата за неуспех, утопија и сон содржи изложбата „Трилогија: Под површината има уште една површина“ на Дриант Зенели

– „Светлините на астерот“ ќе блеснат на филмскиот фестивал „Астерфест“ во Струмица

– новиот книжевен фестивал „МалеМале“ ќе се одржи во Берово и во Пехчево

– креативни филмски средби се случија на „Бич филм фестивал“ во Охрид

– излезе книгата со кратки раскази „Ах, колку убав ден“ од Трајче Кацаров

– сликовницата „Невидливата куќа“ на Билјана С. Црвенковска со илустрации на Ване Костуранов е објавена на германски јазик

– збирката „Метафора – поглед зад огледалата“ од Марко Трпески е своевиден поетски архетипски алманах во издание на „Метафора“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот