Излезе „Културен печат“ број 137 во весникот „Слободен печат“

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 137, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (16-17.07.2022), во својот стандарден формат на осум страници го отвораме со фотографии од филмски проекции на фестивалот „Синедејс“, а меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:

– интервју со Катерина Христовска, раководителка на Музејот на Народната банка: Нашите пари се неверојатни културни мисионери

– разговор со Емил Ниами, доктор по филолошки науки: Нашата научна средина е дефанзивна

– средба со визуелната уметница и дизајнерка Клелија Живковиќ: Мораме да останеме отворени кон непознатото

– Патувачкото кино на „МакеДокс“ од 18 до 24 јули ќе замине во струмичките села

– во рамките на фестивалот „Синедејс“ се одржа првиот Форум на киноприкажувачите

– петтото издание на „Бич филм фестивал“ ќе се одржи од 20 до 24 јули на четири локации во Охрид

– претставата „Круг“ премиерно беше изведена во театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

– Друштвото на ликовни уметници на Битола својата годишна изложба ќе ја отвори на 19 јули во битолската галерија „Магаза“

– Фестивалот на современа и електронска музика „Десонанз“ од 15 до 17 јули се одржува во Кинотеката

– најновата книга на проф. д-р Вера Стојчевска – Антиќ е со наслов „Врвиците на зборот“

– на „Скопско лето“ беше промовирана збирката поезија „Побег на нештата“ од поетесата Љерка Тот Наумова

– поетесата, преведувачка, актерка и фотографка, Валентина Бахти од Србија престојува на книжевна резиденција во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот