Излезе „Културен печат“ број 135 во весникот „Слободен печат“

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 135, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (2-3.07.2022), во својот стандарден формат на осум страници го отвораме со фотографии од „Битола Шекспир фестивал“, а меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:

– репортажа од 8. издание на „Битола Шекспир фестивал“, што се одржа од 25 до 30 јуни во Народен театар Битола – Шекспировото дело како поттик за празник на театарот

– промоција на „Театарски белешки“ – Втиснати размисли, слики и емоции за театарската вистина на Владо Цветановски

– разговор со модната дизајнерка Ирина Тошева – Модата е многу повеќе од убави „фустанчиња“

– наградата „Денес“ ја доби Ивана Мирчевска, која уметничката инсталација „Медиум пукнатина“ ја создаде како жив организам

– фестивалот „Крик“ во КСП „Центар-Јадро“ ја претстави изложбата „Сенки на занаетите – инсталација на сенка-светло-звук“

– старите процеси ќе се вратат со првиот фестивал на алтернативна фотографија „Зрно“

– со „Промена на живот“ до лична револуција на младиот рап-артист Илија Дуев

– промоција на албум со досега необјавени песни од Влатко Илиевски со симболичен наслов „Последно танго“

– ДПМ ги врачи наградите „Книжевен жезол“ на традиционалната меѓународна поетска манифестација „Празник на липите“

– „Антолог“ ја објави книгата „Пирамидите на денот“ од литванската авторка Даина Ополскаите

– „Готен“ го објави романот „Средиштето на светот“ од германскиот писател Андреас Штајнхефел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот