Излезе „Културен печат“ број 133 во весникот „Слободен печат“

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 133, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (18-19.06.2022), во својот стандарден формат на осум страници го отвораме со фотографии од омажот за сликарот Омер Калеши (1932-2022) во Чифте амам, а меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:

– интервју со универзитетската професорка Весна Мојсова-Чепишевска: Достојно читање на Блажевото завештание

– разговор со оперскиот пеач Иван Наумовски: Никогаш не сум заборавил од каде доаѓам

– музичка сцена – Во еден здив… со Михаил Парушев

– премиера на претставата „Вернисаж“ во режија на Теа Беговска: Апсурдната слика на потрошувачкото општество

– Драмска уметност – Театарски прирачник како насушна потреба

– поглед кон изложбата „Цртање приказни“, која понуди особен фокус на седум стрип-автори

– „МакеДокс“ објави отворен повик за нова генерација „Докуникулци“

– во „Рудиќ Галерија“ е поставена изложба на мајсторот на фотографија Дејан Колевски

– промовирани се книгите „Меани“ и „…“ (Три точки) од Кузман Кузмановски

– излезе од печат најновата поетска збирка „Кадуцеј и лира“ од Сузана В. Спасовска

– „ПНВ Публикации“ го промовираше романот „Заследи ме“ од Јордан Коцевски

– издавачката куќа „Артконект“ ја објави книгата „Угризи“ од Андреј Блатник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот