Излезе „Културен печат“ број 131 во весникот „Слободен печат“

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 131, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (4-5.06.2022), во својот стандарден формат на осум страници го отвораме со фотографии од првата вечер на 21. Оф-фест, а меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:

– театарска репортажа од гостувањето на Драмски театар – Скопје на најзначајниот театарски фестивал во регионот – 67. „Стериино позорје“ во Нови Сад

– разговор со м-р Евица Тасеска Каранфилова, програмски раководител во НОБ: Актуелните кризи наметнуваат потреба за промена на моделот на управување со установи од овој тип

– монографијата „50 години Мајски оперски вечери“ од д-р Александар Трајковски е траен запис за фестивалската актива

– почна 56. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

– во КИЦ-Скопје е поставена архитектонската изложба „Сто години од раѓањето на архитектот Славко Брезоски“

– легендарниот рок-критичар Пеца Поповиќ промовираше три книги во Скопје

– јубилејното 10. издание на „Викенд на гордоста – Скопје“ е со тематски наслов „Екстатични тела“

– второто издание на „Скопски брас Фестивал“ се одржува од 3 до 5 јуни во камерната сала на Филхармонија

– три концерти ќе се одржат на 15. издание на фестивалот на современа музика „Модоарс“

– Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ) избра ново раководство

– од печат излезе книгата „Политиколошки вивисекции во етерот“ (политсоциолошка анализа и радиоразговори за состојбите во Македонија) на Свето Стаменов и Цане Т. Мојаноски

– две книги од поетот Славе Ѓорѓо Димоски се објавени во Словенија

– издавачката куќа „Готен“ го објави преводот на романот „Една жена“ од унгарскиот писател Петер Естерхази.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот