Излезе „Културен печат“ број 117 во весникот „Слободен печат“

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 117, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (19-20.02.2022), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:

– интервју со поетот Санде Стојчевски, добитник на наградата „Ацо Шопов“ на ДПМ: Мои јунаци беа мајсторите по кои плаче гората

– разговор со театарскиот режисер Јане Спасиќ: Сите добри актери имаат „живо дете во себе“

– Министерството за култура ги објави резултатите од годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес за 2022 година

– јубилејниот „Земјотрес“ ќе ја врати волјата за живот во „новото нормално“

– премиера на дебитантскиот краткометражен игран филм „Обичната Ели“ на режисерката Лавинија Софрониевска

– средба со историчарката на уметност Ангела Витановска: Смели рецензии на уште посмели концепти

– вториот дел од интерактивниот перформанс „Откривање“ на Нина Нинеска ќе се одржи на 22 февруари

– првата книга поезија на Јулијана Младеновска-Тешија со наслов „Na kauču Sigmunga Freuda / На каучот на Сигмунд Фројд“ ќе биде промовирана на 22 февруари во „Галерија Валдингер“ во Осиек, Хрватска

– дваесет дела ја поминаа првата селекција за наградата „Роман на годината“

– писателот Киро Донев го објави книжевниот споменар „Летопис на душата“

– културно-образовниот проект „Во чест на Елена Образцова“ на 22 и 23 февруари ќе се одржи во Рускиот културен центар и во Филхармонија

– едицијата „Читаме заедно“ на издавачкиот центар „Три“ е комплетирана со преводот на „Италијански приказни“ од Итало Калвино

– издавачката куќа „Артконект“ ја објави книгата „Азбуката на Моркел“ од Стијан Холе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот