Излезе „Културен печат“ број 116 во весникот „Слободен печат“

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 116, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (12-13.02.2022), во својот стандарден формат на осум страници го отвораме со дела изложени на 19. „Зимски салон“ на ДЛУМ во Чифте амам, а меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:

– интервју со актерот и режисер Коле Ангеловски: Правам комедии зашто сакам луѓето да се чувствуваат среќно

– разговор со поетот Трајче Кацаров, добитник на наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема: Пишувањето поема бара време, дисциплина и консеквентност

– средба со слем-поетот Горазд Китановски – Кени: Поезијата е збор, слемот е глас

– отворен е 19. „Зимски салон“ на ДЛУМ во Чифте амам

– македонското ателје е дел од голема изложба во Париз

– ДПМ ги објави добитниците на книжевните награди за 2021 година

– по тригодишно творење – бендот „Лилит“ го објави својот прв албум „Чудо“

– награда за долгометражниот игран филм „Хомо“ во режија на Игор Иванов во Англија

– нови факти за творештвото и животот на Григор Прличев во монографијата „Прличеви беседи – хроника на еден културен настан“ (1952-2022)

– издавачката куќа „Артконект“ го објави романот „Наслада“ на полската писателка и режисерка Марта Ѓидо

– во издание на „ПНВ Публикации“ објавена е двојазична панорама на современата ирска поезија „Восторг – избор од современата ирска поезија / Rapture – A Selection of Contemporary Irish Poetry“

– издавачот „Македоника литера“ го објави романот „Капка веселба“ на современиот босански писател Селведин Авдиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот