Излезе „Културен печат“ број 114 во весникот „Слободен печат“

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 114, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (29-30.01.2022), во својот стандарден формат на осум страници го отвораме со календарот на Скопскиот џез фестивал, а меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:
– интервју со Владо Јаневски, македонски писател во Австралија: Би било идеално целосно да се посветам на пишувањето
– разговор со сликарката Ивана Настески: Уметникот најкомотно се чувствува кога е свој
– извонредна завршница на мини-турнејата на Симон Трпчески и Максим Венгеров во Париз
– праизведба на текстот „Јазли“ од Рефет Абази во режија на Куштрим Бектеши во Албанскиот театар
– писателот Александар Прокопиев е застапен во врвната европска публикација „Les Lettres Europeénnes“
– уметницата Ана Лазаревска ги открива пораките на проектот во развој „Урбани градини: сврзни ткива“
– звучна презентација на циклусот „Планина“ на фотографот Димитар Апостолов
– уметничката инсталација и книгата „Секоја работа надвор од уметноста е губење време“ на Доротеј Нешовски беа промовирани во КСП „Центар-Јадро“
– филмската копродукција „Барајќи ја Венера“ е селектирана на филмскиот фестивал во Трст
– „Антолог“ ја објави книгата „Бизарни раскази“ од полската нобеловка Олга Токарчук на македонски јазик
– „Готен“ ја објави збирката раскази „Љубовта на триесет и петгодишната жена“ од бугарскиот писател Калин Терзијски
– Друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“ ја објави книгата „Избрани песни“ од класичниот кинески поет Су Шѝ’
– книгата со фотографии „Џоломарите“ од Сашко Илов, Цветанка Темкова Илова и Гоце Давидов е објавена во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.