Излезе „Културен печат“ број 107 во весникот „Слободен печат“

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 107, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (27-28.11.2021), во својот стандарден формат на осум страници го отвораме со фотографии од претстави на 46. МОТ, а меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:

– интервју со актерот Бајруш Мјаку: Пензионер сум само во однос на месечните примања

– разговор со актерката Ивана Павлаковиќ: Уметноста треба гласно да укажува на неправдите

– македонската премиера на претставата „Нема да биде крај на светот“ во режија на Нина Николиќ ќе се одржи во МНТ

– јубилејна изложба на ДЛУМ по повод 75 години постоење ќе биде поставена во Чифте амам и Мала станица

– дела од Мерсад Бербер ќе бидат изложени во галеријата „Ел Греко“

– Театарот „Сенки и облаци“ настапи на меѓународен фестивал на сенки во Москва

– Тајните архиви на Скопје – Домашните ленти на скопјани се полни со љубов

– заедничката изложба „Граници“ на Дита Старова Ќерими и Шќипе Мехмети е поставена во Галерија „Џентинета“ во Цирих

– студиото „Приватен принт“ презентира истражувачки проект на графичкиот дизајнер Ѓорѓи Десподов

– ангажирана изложба на Сокол Марковски во „Ко-Ра“ со ликовни портрети што ја подигнуваат свеста за борбата против ракот

– промовирано е монографско претставување на фолклорните фестивали од доц. д-р Наташа Диденко

– „Македоника литера“ ја објави книгата „Од трезорот на Охридската архиепископија“ од д-р Снежана Филипова

– „Артконект“ го објави романот „А Бабукар одеше на чело“ од Џовани Доѕини

– хрватскиот културен центар „Марко Марулиќ“ ја објави збирката песни „Дах смрти“ од Зоран Пејковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот