Излезе „Културен печат“ број 101 во весникот „Слободен печат“

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 101, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (16-17.10.2021), во својот стандарден формат на осум страници го отвораме со фотографии од изложбата „Актови“ на хрватскиот фотограф Станко Абаџиќ во „Рудиќ галерија“ во Скопје, а меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:

– интервју со филмскиот продуцент Роберт Насков: Функцијата продуцент бара нови квалитети и стандарди

– разговор со Сјон, писател и поет од Исланд: Кога немаме непријатели однадвор, обично го бараме непријателот во себе

– 40. Скопски џез-фестивал – Јубилејот е убав, сите му се радуваме

– Баги комуникации го најави вториот Скопски градски фестивал, што ќе се одржи во Домот на АРМ

– најава на премиерата на претставата „Работи за кои не зборуваме“ во режија на Нела Витошевиќ во МНТ

– Катедрата за општа и компаративна книжевност при УКИМ одбележува јубилеј 40 години од основањето

– Кинотеката најави проекција на дигитално реставрирана верзија на италијанскиот нем филм „Пеколот“, снимен во 1911 година според епот на Данте

– репродукции на портрети од Рафаело Санти ќе бидат изложени во Археолошкиот музеј

– сликарот Александар В. Настески со изложба ќе одбележи 50 години ликовно творештво

– излезе од печат новиот роман „Добро утро, љубов!“ од Милена Лунеска

– книгоиздателството „Ми-Ан“ промовираше книга со драми од Маја Стевановиќ

– книгата „Анатомија на бумбарот“ е возбудлив трилер од Стефан Марковски

– промоцијата на книгата „Несреден век“ од Тихомир A. Јанчовски ќе се одржи на 17 октомври во Кинотеката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот