Излезе „Културен печат“ број 100 во весникот „Слободен печат“

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 100, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (9-11.10.2021), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:

– интервју со сценографот Крсте С. Џидров – Џиби: Целиот работен век бев сценограф на повик

– разговор со францускиот диригент Паскал Галоа, кој ќе го постави делото „Музика за 18 музичари“ од Стив Рајх во македонската филхармонија

– Хедвиг Фејен го презентираше Биеналето за современа уметност „Манифеста“ во МСУ во Скопје

– Министерството за култура објави дека на Годишниот конкурс за поддршка на проекти од национален интерес за првпат ќе се аплицира електронски

– секретарот на Фондацијата за македонски јазик „Небрегово“, Атанас Конески, му врачи плакета и признание на премиерот Заев за поддршката во одбележувањето на 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески

– девет врвни европски писатели ќе учествуваат на седмиот Фестивал на европската литература „Букстар“

– МНТ со претставата „Само глас“ ќе гостува на „Јоакимфест“ во Крагуевац

– изложбата „Субскрипт“ на новосадскиот уметник Горан Деспотовски од 8 октомври е поставена во Чифте амам при Националната галерија

– излезе од печат книгата „Мојот предизвик Охрид“ од Вера Стојчевска Антиќ

– на преведувачка резиденција во Скопје Соња Должан ги преведува расказите од збирката „Не одам никаде“ на Румена Бужаровска

– единаесеттиот национален Слем-натпревар ќе се одржи на 10 октомври во Прилеп

– Битолскиот книжевен круг ја објави книгата „Сезона на пелинот“ од поетесата Љубинка Донева

– „ПНВ Публикации“ објави превод на книгата „Потстанар“ од Филип Грујиќ од Србија

– Друштвото на писатели на Македонија го објави конкурсот за поетската награда „Даница Ручигај“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот