Излезе деби-книгата „Вечерен автобус“ од Стефан Алијевиќ

Издавачот „Или-Или“ продолжува да ги поддржува новите гласови во македонската литература. Овој пат во едицијата „ПРОаЗА“ го објави ракописот на Стефан Алијевиќ, чија збирка раскази „Вечерен автобус“ е негова прва официјална книжевна објава.

Стефан Алијевиќ (1991, Гевгелија) завршил додипломски студии на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на катедрите за Општа и компаративна книжевност и Англиски јазик и книжевност.

Во 2020, со збирката раскази „Ѕиркачот“, учествува на конкурсот „Новите!“ за најдобар прозен дебитантски ракопис на македонски јазик, и се пласира како финалист за главната награда. Збирката „Вечерен автобус“ е преработена и проширена верзија на ракописот „Ѕиркачот“.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 141, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 13-14 август 2022)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот