Излекуваните повторно позитивни? Мистеријата засега без одговор!

корона
Коронавирус во Србија/ Фото: ЕПА

Јужнокорејските здравствени експерти ги проучуваат можните одговори на растечката бројка на лица кои се опоравиле од инфекцијата од коронавирусот, а при тестирањето, повторно биле позитивни, и сè повеќе подложни на повторно враќање на болеста.

Според корејскиот Центар за контрола и превенција на болести, досега се регистрирани вкупно 141 случај на излекувани лица со повторни позитивни наоди на вирусот Ковид-19.

Според првичните сознанија, малку е веројатно дека излекуваните не успеале да создадат имунитет и затоа се повторно позитивни. Она што загрижува е дека можеби станува збор за рецидив, односно реактивирање на вирусот, сметаат јужнокорејските медицински експерти.

Ова би значило дека некои делови од вирусот се „заспани“ за одреден временски рок или некои имаат состојба која го ослабува имунитетот поради што се поподложни на тоа вирусот повторно во нивните тела  да оживее, велат експертите.

Неодамнешните медицински истражувања во Кина и во САД покажаа дека новиот тип на коронавирсот би можел да ги оштети Т лимфоцитите, клетки кои играат клучна улога  во имунолошкиот систем и неговата способност да се бори против инфекции.

Доколку се утврди дека се работи за рецидиви, а не за нова зараза, тоа ќе ги стави епидемиолозите во нов предизвик – како да го ограничат новиот начин на ширењето на вирусот.

Јужнокорејските здравствени власти засега не откриваат дали имало случаи во кои реактивираните пациенти инфицириале трети лица, но доколку тоа се потврди, ќе се појави нов проблем во ширењето на пандемијата, сметаат медицинските експерти.

За пациентите во Јужна Кореја се смета дека се излекувани, кога во два теста по ред, во период од 48 часа, резултатот е негативен.

Тестовите РТ-ПЦР кои ги користи Јужна Кореја се сметаат за веродостојни , однсно 95 проценти точни. Но експертите посочуваат дека постои можност, тие 5 проценти да покажат лажно негативни резултати.

Сепак здравствените власти сметаат дека постои можност, остатоците од вирусот во организамот да бидат толку мали за да не можат да бидат детекритани од тестот, а токму тие остатоци, подоцна да ја активираат инфекцијата.

Слично: Како коронавирусот ги киднапира клетките? (ФОТО)

СЛИКОВИТО ОБЈАСНЕТО: Како коронавирусот ги „киднапира“ клетките (ФОТО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот