Излекуваните од коронавирус да донираат крв, повикуваат здравствените работници

Фармацевтските компании се обидуваат да пронајдат лек и вакцина за повеќе од 70.500 заразени луѓе.

Кинеските здравствени власти денеска апелираа до лицата кои се излекувани од новиот коронавирус да дадат крв заради лекување други пациенти.

Крвната плазма на поранешните пациенти кај кои е потврден Ковид-19 содржи антитела кои можат да помогнат во уништување на вирусот.

– Би сакал да ги замолам оние што закрепнале да ја донираат својата плазма. Тоа ќе им даде надеж на оние кои се уште се сериозно болни, изјави претставникот на Националната здравствена комисија Гуо Јанхонг.

Во епицентарот на епидемијата, Вухан, 11 хоспитализирани пациенти добија плазма минатата недела, рече Сун Јанронг од Биолошкиот центар на Министерството за наука и технологија.

– Еден од тие пациенти веќе е пуштен од болница, а останатите заздравуваат, додаде таа.

Официјални лица изјавија дека донаторите ќе бидат подложени на анализи за да се потврди дека не можат да го пренесат вирусот и дека само плазмата ќе биде извлечена од крвта на поранешните пациенти.

Фармацевтските компании се обидуваат да пронајдат лек и вакцина за повеќе од 70.500 заразени луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот