Излекувани сите 16 лица заразени од коронавирус во Виетнам

Фото: Принтскрин/AFP News Agency

Сите 16 лица во Виетнам кои беа заразени со новиот коронавирус се излекувани, соопшти Министерството за здравство.

Министерството наведе дека од 13 февруари не е регистриран ниту еден нов случај на зараза.

Последниот пациент, 50-годишен маж кого го зарзазила неговата ќерка по враќањето од кинески Вухан, жариштето на заразата, заздравел и сега е  во добра здравствена состојба. Засега не е познато кога тој ќе биде пуштен од болница.

Останатите излекувани, меѓу кои и тримесечно бебе, заздравуваат.

Во Виетнам на 23 јануари беа регистрирани првите два случаи, кај двајца кинески државјани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот