„Излегувај надвор“- Жена без маска грубо избркана од маркет од купувачите (ВИДЕО)

Жената која го објави видеото напомена дека сфаќа што луѓето се загрижени, но и дека нема причина да се однесуваат така.

Група купувачи во продавница за прехранбени производи во Њујорк жестоко нападна жена која купувала без заштитна маска. Тие ѝ викале се додека не ја завртела својата количка за купување и не си заминала во спротивна насока.

Видео снимката од овој настан е објавена на Фејсбук, па брзо стана вирална, додека луѓето кои коментирале имале поделени мислења: едни дека тоа е дивјачки чин, а други дека на „непослушните“ конечно треба да им се спротивстават, пишува „Хафингтон пост“.

„Еве што се случува на Стејтен Ајленд доколку не носите маска во маркет“, напиша жена покрај видеото кое го снимила нејзина пријателка при купување, а на кое се гледа како толпа луѓе ја напаѓа вербално жената која е без маска и ѝ покажуваат да си оди. Покрај тоа ја сосипаа со грди и навредливи зборови и пцости.

Видеото го привлече вниманието на јавноста, со оглед на тоа дека оваа сцена потсетува на демонстрациите кои неодамна ги спроведоа луѓето без маски, протестирајќи против здравствените и безбедносните мерки кои го запираат ширењето на ковид-19.

Жената која го објави видеото напомена дека сфаќа што луѓето се загрижени, но и дека нема причина да се однесуваат така… посебно како момчето кое вика и ја нарекува жената „свиња“.

Гувернерот на Њујорк Ендрју Куомо рече во понеделникот дека нема да дозволи Стејтен Ајленд повторно да ги отвори претпријатијата пред остатокот од градот, како што побараа локалните законодавци. Тие тврдат дека одредените побарани безбедносни параметри веќе се исполнети. Но Куомо рече дека градот мора да се движи со единствено темпо поради патувањата меѓу градските квартови.

Речиси 800 жители во округот Стејтен Ајленд во Ричмонд починаа од ковид-19, што го стави 25-ти на листата окрузи во државата со најголем број смртни случаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот