Излегува книгата која РОБЕРТ ДЕ НИРО НЕ САКА ДА ЈА ПРОЧИТА – Не знаев дека татко ми е хомосексуалец, мајка ми ми кажа!

профимедиа

Наредниот месец издавачката куќа „Ricoli“ ќе ја објави книгата за таткото на славниот актер Роберт Де Ниро, поточно за познатиот Роберт Де Ниро постариот. Материјалот за книгите е пронајден во четири тома кои зад себе ги оставил Де Ниро постариот по смртта во 1993 година, а книгата говори за неговата борба да заработи пари, да добие признание како уметник, за анксиозноста и менталните проблеми со кои се борел за хомосексуалноста поради кој се расипал и неговиот брак со мајката на Де Ниро Јуниор.

profimedia

Поради содржината на книгата актерот признал дека има страв да ја прочита.

– Ќе ја прочитам книгата кога ќе бидам подготвен за тоа, но во овој момент ова е мој начин да се справам со тоа. Тажно ми е сето тоа да го читам. Тој имаше свои демони и жалам поради тоа – изјави повеќекратно наградуваниот актер.

Иако книгата излегува дури наредниот месец, уште сега се познати одделни детали, а еден дел особено привлекол внимание.

 

– Доколку Бог не сака да бидам хомосексуалец (поради што чувствувам голема вина), ќе пронајдам жена која ќе ја сакам и која ќе ме сака. Но јас навистина не сакам ја излечам својата хомосексуалност, се вели во еден дел од книгата.

profimedia

Познатиот актер во едно интервју зборуваше за хомосексуалноста на татко му, што е тема на која и е посветен значаен дел од книгата.

– Не бев свесен за неговата хомосексуалност. Мајка ми подоцна ми го кажа тоа, но кога сте млади вие извлекувате одредени заклучоци. Некако сето тоа го разбирав, изјави познатиот актер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот