Излечени 10 фудбалери на Валенсија од коронавирусот!

фото: твитер

Валенсија ги помина сите неопходни мерки, членовите на клубот кои беа заразени, меѓу кои и играчите Гарај, Гаја и Мангала, се опоравија од последиците на Ковид-19.

Натпреварот помеѓу Аталанта и Валенсија, одигран на 19 февруари во Милано, беше прогласен за „биолошка бомба“ во италијанските медиуми, по што се дојде до заклучок дека епидемијата на коронавирусот уште повеќе се прошири во Ломбардија.

Кај фудбалерите на Аталанта е познато дека само голманот Спортиело беше позитивен на тестот на коронавирус.

Од друга страна, фудбалерите на Валенсија поминаа далеку полошо, заразена третина од играчите и луѓето кои беа на тој 19 февруари на „Сан Сиро“.

Шпанската „Марка“ пренесува дека 10 членови на клубот од „Местаља“ беа позитивни, а од денеска сите се излечени!

Валенсија ги помина сите неопходни мерки, членовите на клубот кои беа заразени, помеѓу кои и фудбалерите Езекиел Гарај, Хозе Гаја и Елиаквим Мангала, се опоравија од последиците на Ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот