Изгубеното дете Михаил е пронајдено во Козле, информираат од полицијата

Полиција / Фото: МИА

Детето кое се изгуби во скопската населба Дебар Маало, е пронајдено во населбата Козле, информираат од полицијата за „Слободен печат“.

Оттаму велат дека полицаец го пронашол Михаил на улицата „Козле“, околу еден час откако било пријавено дека се изгубил.

Михаил, кој возел зелен велосипед, се изгуби околу 16 часот, а семејството преку социјалните мрежи и медиумите бараше помош во потрагата.

И родителите на детето на социјалните мрежи објавија дека тоа е пронајдено.

Видео на денот