„Изгубената“ песна на ФРЕДИ МЕРКЈУРИ објавена 28 години по неговата смрт

Фото: Инстаграм

На „Би-би-си Радио 2“ беше промовирана песната „Time Waits For No One“ во изведба на Фреди Меркјури, за која со децении се мислеше дека е изгубена.

Оригинално, оваа песна била дел од мјузиклот од 1986 година, „Time“. Тогашната верзија, покрај гласот на Меркјури, имала и пратечки вокали, но верзијата во која тој ја изведува само со клавир се верувало дека е долго време изгубена.

По многу години потрага, во 2017 година е пронајдена оригиналната демо снимка, прочистена е и денеска е реализирана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот